ЕУ уверува дека ќе стори сѐ да помогне да се надминат разликите меѓу Скопје и Софија

од Берта Китинска
166 прегледи

Несогласувањата со Бугарија нема да бидат тема на разговор на утрешниот самит ЕУ – Западен Балкан, но ЕУ уверува дека ќе стори сѐ да помогне да се надминат разликите меѓу Скопје и Софија, дознава МИА.

Ова беше порачано денеска од страна на висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовките за утрешниот самит. Тој истакна дека параграфот девет од загрепската декларација потсетува дека регионалната соработка е централен фактор за Европската Унија.

-Ќе сториме сѐ што можеме да ги олесниме соседските односи, сѐ за да го внесеме регионот во Европа, но дел од работата мора да дојде од самиот регион, да проба да ги реши проблемите сам, секаде има соседски проблеми, и во ЕУ ги има, силните односи и споровите со соседите не се ништо ново ниту извонредно, истакна дипломатот.

Слични содржини