ЕУ во време кога 2016 се приближува кон крајот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

 

 

Како што годинава се приближува кон својот крај, една интересна анализа која неодамна ја објави Политико на својата веб страна дава јасна слика за стратешките намери на ЕУ за идните дејствија. Тоа е целта која неколку земји, меѓу кои и Турција, се уште се обидуваат да ги остварат.

Во текстот се цитира Јоханес Хан, комесарот на ЕУ за проширување, кого често го гледавме во Истанбул кон крајот на минатата година за време на интензивните преговори со владата на тогашниот премиер Ахмет Давутоглу за прашањата за бегалците. Во говор на самитот за Балканот на почетокот на месецов, Хан отворено им кажа на учесниците дека мнозинството ЕУ земји се противат на понатамошно проширување на унијата.

Се разбира, ова не се нови вести за граѓаните на многу земји во Европа кои поддржуваат ксенофобски популистички движења, и бараат „да нема повеќе странци“ во тесно дефинираното европско соседство. Во случајот со Велика Британија, терминот „странец“ беше исликан како „полски водоводџија“ и во јуни натера многу Британци да гласаат во корист на излегување на земјата од ЕУ.

Додека британскиот премиер Тереза Меј и нејзината екипа се мачат да најдат исплатлив начин за излез од Унијата без да и наштетат на економијата на својата земја, други држави го одржуваат својот голем апетит за приклучување кон ЕУ. Барем на хартија, тие веќе долго време се подготвуваат и ги прилагодуваат своите институции за денот кога ќе бидат поканети.

Таков е случајот со Западниот Балкан. Иако традиционално западноевропејците ги гледаат овие територии како дел од „истокот“, „поранешна отоманска земја“, „правослани христијани“ или „поранешен советски блок“, повеќето од овие земји аспирираат да се приклучат на европското семејство уште од паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година.

Последната држава која се приклучи на ЕУ беше Хрватска во 2013 година, а сега има уште пет официјални кандидати од Западен Балкан во редот за приклучување кон ЕУ кога преговорите ќе завршат: Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција. Исто има и две потенцијални кандидатки: Босна и Херцеговина и Косово.

Во анализата на Политико, гледаме дека шансите на овие седум земји кандидатки за членство во ЕУ значително се разликуваат. На скалата од 0 до 100, се вели дека најголеми шанси има Црна Гора, со 90 поени и која е најбогатата земја во Западен Балкан, со скоро пополнета апликација за приклучување во НАТО. По неа доаѓаат Албанија и Србија со 80 поени, по нив се Босна и Херцеговина и Македонија со 50 поени, а на крај е Косово со 30 поени.

Текстот дава опис на „за и против“ на секоја земја, на основа на официјални податоци. Посебно е интересно дека заедничка негативна конотација за сите нив е серизониот и вкоренет проблем со корупцијата.

Во овој каталог на земји „кои се тркаат за членство во ЕУ“ Турција има посебно место. Тоа е последната земја вклучена во анализата и само бегол поглед на наведените податоци го илустрира проблемот на релација Турција-ЕУ. Под поднасловот „Шанси за приклучување“, на Турција и се дадени 0 поени!

Би требало да биде едноставно: Според правилата, секоја европска земја која ги почитува принципите на „слобода, демократија, почитување на човековите права, основните слободи и владеење на законите, може да аплицира и да се надева да биде прогласена за земја кандидат за членка“. Потоа може да се почне со преговорите за постепено прилагодување на нивните заљкони за да соодветствуваат со европските закони и за конечно приклучување.

Но технкоратите во ЕУ сега се ставени настрана. Следејќи ги големите геополитички промени кои се случуваат во европското соседтство, од Украина до Блискиот исток, надвладуваат политичките влијанија и политичката воља на моќните европски престолнини, како што се Берлин и Париз, кои „тежат“ повеќе од вољата на Брисел. Сонот за целосно интегрирана Европа е подалеку од било кога. Земјите од Западниот Балкан се разбирливо загрижени дека нивниот сон да се приклучат кон ЕУ може да трае до недоглед. Тие предупредуваат дека путинова Русија може да тргне да ја пополни празнината ако не бидат прифатени во европското семејство.

Во случајот со Турција, нејзините односи со Брисел се посебен предизвик. И двете страни имаат сериозна резервираност во врска со намерите на другиот. Но дури и во овој критичен момент, сеприсутниот проблем со бегалците можеби е причината и двете барем да продолжат да разговараат.

Хуриет дејли њуз – Истанбул