ЕУ воведува построги ограничувања за две состојки во храната

од Vladimir Zorba

Европската унија воведува построги стандарди кога станува збор за олово и кадмиум во храната, како дел од поширокиот план за превенција од рак.

Од понеделник, новите ограничувања се однесуваат на оловото во храна новороденчиња, зачини, вина и сол, а од вторник, нови ограничувања се однесуваат на кадмиумот во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња.

„Како дел од нашите напори за подобрување на здравјето преку пристап до здрава исхрана и физичка активност според Европскиот план за рак, одлучивме дополнително да го намалиме присуството на канцерогени загадувачи во храната“, рече еврокомесарот за здравство, Стела Киријакидес.

Оловото и кадмиумот се токсични канцерогени материи. Новите стандарди се засноваат на нови податоци кои покажуваат дека не постои праг под кој со сигурност може да се исклучат нивните штетни ефекти врз здравјето на луѓето.

Европскиот орган за безбедност на храна, исто така, неодамна изрази загриженост дека изложеноста на олово во храната може да влијае на невролошкиот развој на фетусите, новороденчињата и децата.

Релативно високо ниво на олово е откриено кај алги, риби, морски плодови и додатоци во исхраната.

Германското министерство за животна средина предупреди дека и другите намирници како што се житариците и зеленчукот, исто така, можат значително да придонесат за внесување на олово, иако го содржат во релативно мали количини, но луѓето конзумираат многу од него.

Според новите правила, максималната граница од 1 мг олово за килограм ќе важи за повеќето видови сол. Кадмиумот влегува во околината преку процеси на согорување или талог од отпадни води, а може да навлезе во почвата преку фосфатни ѓубрива.

Слични содржини