Министрите за туризам на земјите-членки на ЕУ се согласиле на денешната видео конференција да изготват заедничка патна исправа, која ќе важи за сите земји-членки.
Тема на сесијата била состојбата на европскиот туризам, влијанието и мерките и условите за пристигнувањето на туристите. Хрватскиот министер за туризам, Гери Капели, рече дека документот, кој го нарекува корона-пасош, се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од патничкиот протокол.
Според ХТВ, Капели изјавил дека е договорено да има заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите.
– Туризмот сочинува 10-11 отсто од БДП на ЕУ и вработува 12 отсто од вкупно вработените. Клучен е за зајакнување, односно спасување на националните економии , рече Капели, цитирајќи примери на други земји покрај Хрватска, како Италија, Шпанија или Грција.
Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за воспоставување коридор за туристички сообраќај, тој се надева дека ќе се постигне договор до крајот на мај, ако не и во заедничка област, тогаш билатерално со заинтересираните земји.