Еуфорија во Букурешт: За 96 часа македонските навивачи испиле 75.000 ЛИТРИ ПИВО!

од Nikola Popovski
817 прегледи

Македонија го дочека своето прво учество на Европското првенство, а воведните два дуела против Украина и Австрија, нашата репрезентација ги одигра во Букурешт.

За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, успеале да испијат меѓу 70 и 75 000 литри пиво, велат официјалните информации на Управата за јавни приходи на Романија, согласно пресметките од локалите, клубовите и рестораните

Помеѓу 3.500 и 4.000 Македонци престојуваа во Букурешт, а романските медиуми ја истакнаа нивната страст кон пивото, кое можат да го пијат во изобилство.

Така, Македонците успеаја да испијат околу три цистерни за пиво во само пет локали во стариот дел на градот за околу 96 часа, бидејќи капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри, објавија романските медиуми.

На некои маси, сметките биле помеѓу 4.000 и 5.000 евра, што навистина изгледа неверојатно. Романските кафулиња успеале да заработат околу 450.000 евра од Македонците, според локалните медиуми.

Македонија загуби во првите две кола од Австрија (3: 1) и Украина (2: 1), но дефинитивно не разочара и остави одличен впечаток кај сите неутрални љубители на фудбалот.

Горан Пандев и друштовот ќе го завршат турнирот на „Јохан Кројф Арената“ против Холандија. Тој натпревар ќе се одигра во понеделник, на 21 јуни од 18 часот.

Слични содржини