Евакуирани туристи поради пожар во хрватскиот град Трогир

од desk2
85 прегледи

Пожарот, што вчера избувна во непосредна близина на хрватскиот град Трогир, се уште не е локализиран, но е ставен под контрола.

Во пожарот едно лице е повредено, но нема опасност по неговиот живот.

Во реонот зафатен од огнената стихија, цела ноќ дежураа 170 пожарникари и 45 противпожарни возила. Извршена е евакуација на туристите, а огнот се приближил до станбените згради.