Еве кој е најдобриот и најслободниот затвор во светот

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Затворот Сан Антонио на островот Маргарита во Венецуела не е вообичаеното место за лишување од слобода, пишува Tastefully Offensive.

Додека во други затвори нивните жители се принудени да ги почитуваат строгите правила и насилството често придружен за нивниот престој, тука затворениците се оние кои создаваат правила.

Од готвење на сопствена храна доо гледање телевизија и сурфање на интернет, па дури до слободни повици по телефон, со кои управува сивиот бизнис, затворениците во Сан Антонио се слободни да поминуваат деновите како што сакаат.

Единственото нешто што не може да го направат е да го напуштат затворот. Секој обид за бегство ќе доведе до непосредна смрт од кулата каде се распоредени чувари снајперисти.

Надвор од ова апсолутно се е дозволено и затворениците активно учествуваат во обложување на борби со петли, се среќаваат слободно со своите семејства или пак уживаат на интернет. За радост на мажите во 2009 година било отворено дури крило за жени, каде се затворени 54 претставнички на понежниот пол.

Закономерно со тоа довело до прилично романтична врски и дури раѓање на деца. Во викендите вратите на затворот Сан Антонио дури се отворени за повремени посетители, кои сакаат да пробаат од овој нестандарден живот зад решетки. Иако на изглед изгледа како и секој друг затвор, Сан Антонио е повеќе како рај отколку како пекол за своите жители и многумина од нив се заколнале дека тука животот им се допаѓа повеќе.