Генералниот секретар на НАТО се надева и на нивна поскора средба
“Силно НАТО е добро за САД, добро за Европа”, изјави Столтенберг. “Се надевам дека ќе се сретнам со г-дин Трамп наскоро и да прифати во Брисел средбата на Алијансата за следната година”, додаде тој.
За време на предизборната кампања Доналд Трамп изјави дека земјите членки на НАТО не плаќаат доволно фер удел во него и како резултат на тоа ќе размисли да ги повлече САД од Алијансата, доколку страните во Европа не успеат да ги постигнат целните зголемување на средствата за одбрана до 2% од буџетот.