Еве во каква состојба е половина милионското возило кое беше купено за Груевски

од Vladimir Zorba
146 прегледи

МВР со снимки за состојбаа со возилот кое бепе купено за потребите на Никола Груевски, барем според изворните разговори од „бомбите“, и чија одгвоорност беше и купувањето и чувањето. Новиот министер Оливер Спасовски го покажа пред јавноста

 

 

 

Денеска министерот Оливер Спасовски  го исполни ветувањето кое го даде првиот пат кога влезе како министер во МВР и го направи достапно  за јавноста и граѓаните , возилото „мерцедес С-класа 600” купено 2012 година од страна на  министерката Гордана Јанкулоска за личните потребите на тогашниот премиер Никола Груевски.

За блиндираниот мерцедес беа потрошени 600. 000  евра од буџетот , пари од граѓаните на Република Македонија, во постапка во која се фингираше транспарентност, и веднаш беше сокриено од очите на јавноста во гаражата во Владата на Република Македонија.

Возилото има поминато 57. ооо км,  делумно е технички амортизирано и поради тие причини во моментот не може да ја врши својата безбедносна функција.

Ова  возило е симбол на едно време, како со пари на граѓаните се луксузираа функционерите додека полицајците немаа основни средства за работа.