Советник на полскиот претседател изјави дека тој смета дека негативната реакција на Израел за усвоениот во Полска закон, кој криминализира некои коментари за полските дејствија за време на Втората светска војна, е изведен од “чувство за срам од пасивност на Евреите за време на холокаустот ” , Објави АП.

 

Анджеј Зилбертович, професор по социологија на Универзитетот “Николај Коперник”, кој е советник на претседателот, во едно интервју рече дека израелското противење на новиот полски закон е “анти полски” и покажува дека блискоисточната држава се ” бори да го задржи монополот на холокаустот”.

Многу Евреи молчеа беа паисвн и дејствуваа како соработници за време на војната. Мислам дека Израел не може да го надмине тоа , рече професорот во интервју за Полска-Тајмс.

Според него, “религијата” на Холокаустот стана симболичен штит за оваа држава, што Израел го користеше за да создаде посебна позиција на многу места ширум светот. Се тоа има за цел да го заштити Израел од какви било критики , објасни професорот.