Бугарската престолнина Софија е на трето место во светот според загадувањето на воздухот, покажуваат податоците на светските агенции за мерење на квалитетот на воздухот. Според Европската агенција за животна средина, воздухот во Софија е со најголемо загадување и е реално опасен за човековото здравје.

загаден воздух
Позагаден воздух дишат само во индискиот град Њу Делхи и пакистанскиот Лахор, пренесува БГНЕС.
Податоците на европските агенции покажуваат дека најголемо загадување во Софија се случува во текот на ноќта, а пикот бил вечерта од недела кон понеделник. Податоците покажуваат дека иста или слична ситуација е евидентирана и во саботата, неделата, понеделникот и вчера, а загадувањето е големо и денеска.
Од Европската агенција за животна средина го оквалификуваа воздухот во Софија како „многу незадрав“, при што индексот на загадување е обоен во темновиолетово – што е највисок степен на загадување.