Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој ја критикуваше рамнодушноста на европските земји за хуманитарните трагедии во Сирија и Мјанмар.

Европа умре во Босна, погребана е во Сирија. Телата на невини деца, потисокот крај брегот, се надгробните плочи на Западната цивилизација, тоа треба да се знае. За жал во последните седум години старите европски вредности се дискредитирани и уништени од самите носители на овие вредности , рече Ердоган на настан во Анкара, поврзано со годишнина од смртта на босанскиот лидер Алија Изетбеговиќ.

Оние кои не видоа злосторствата во Босна, исто се слепи и глуви за злосторствата во Мјанмар, појасни турскиот лидер и додаде дека “империалистите и крвопијците продолжуваат  со експлоатација”.

Која е разликата помеѓу она што се случи во Босна пред 25 години и она што сме сведоци во Сирија денес , праша Ердоган.