ЕВРОПА ПРОТИВ РАСИЗМОТ: Невидени судири меѓу полицијата и демонстрантите

од Vladimir Zorba

Полицијата во германскиот град Хамбург користела солзавец против демонстрантите и распореди водени топови.

Полицијата во Хамбург објави на Твитер дека неколку стотици агресивни луѓе со качулки извршиле притисок врз полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец бил ранет.

„Моравме да користиме солзавец. Со почит кон емоциите, нападите врз полицијата се неприфатливи“, соопшти полицијата.

На друга локација, околу 350 луѓе застанаа пред водени топови.

„За нас овие се неовластени собири и ги повикуваме луѓето да се разотидат“, соопшти полицијата во Хамбург.

Еден полицаец е повреден за време на протестот во Лондон.

Според „Скај њуз“, конфликтот се случил во „Даунинг стрит“, откако еден од полицајците паднал од неговиот коњ.

Во еден момент, собраните почнаа да фрлаат шишиња кон припадниците на безбедносните сили.

Ситуацијата излезе од контрола кога полицаецот падна од коњот и исплашеното животно започна да галопира низ толпата.

Демонстрантите прво симболично клекнаа во тишина, а потоа го извикуваа името на Флојд и аплаудираа во негова чест.

Еден од транспарентите што ги носеа гласи „Расизмот е пандемија“.

Причината за демонстрациите е бруталното убиство на полицијата за време на приведувањето на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Протестите ширум светот избија откако се појави видео на 25 мај, во кое полицискиот службеник го држеше коленото на вратот на Флојд скоро девет минути, додека последниот неколкупати повтори дека не може да дише.

Расните протести започнаа први во Минеаполис, а потоа се проширија на околу 150 градови во Америка.

Мирните митинзи брзо ескалираа во насилно востание кое веќе однесе многу животи, и меѓу демонстрантите и полицијата.

На некои места, Националната гарда беше повикана да ја смири ситуацијата.

Слични содржини