Европа започна итна хуманитарна иницијатива за Алепо

од Vladimir Zorba
87 прегледи

250 000 луѓе се подложени на “ѕверства кои ниедно човечко суштество не би требало да толерира”

1475431524-17
Европската комисија го објави денеска почетокот на итна хуманитарна иницијатива на Европската унија, за да можат хуманитарните организации да му помогнат на населението во вториот по големина сириски град Алепо, опсаден делумно од силите на режимот, пренесе Франс прес.
ЕУ мобилизира 25 милиони евра итна помош за хуманитарните партнери, за да бидат покриени потребите од лекови и да се испрати вода и храна во Алепо, додаваат во соопштението шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за хуманитарни прашања Христос Стилинидис, соопштија светските агенции.

Иницијативата е покрена заедно со ОН “за да се спротивстави на “хуманитарна трагедија”, истакнуваат тие, повикувајќи ги  “сите страни во конфликтот да ја поддржуваат и олеснат”.

Околу 250 000 жители на опсадата дел на Алепо се соочуваат со “злосторствата као кон  ниедно човечко суштество и  не би требало да  се толерира” , истакна денеска шефот на хуманитарните операции на ОН Стивен О’Брајан.

Могерини и Стилинидис инсистираат исто така медицинските  евакуирање да не се однесуваат само на источниот дел на Алепо, туку  за сите опсадни  зони. Тие нагласуваат дека ЕУ е подготвена да ја олесни и поддржи евакуацијата на пациенти кон медицинските центри во регионот и ако е потребно во Европа за специјализирани медицински грижи, кои не се достапни во регионот.