Европската комисија: Повеќе од 2.000 украински пациенти се лекуваат во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија денеска соопшти дека „повеќе од една година ги координира редовните медицински евакуации на украинските пациенти, без разлика дали се хронично болни или повредени во војната“.

До денес, според ЕК, повеќе од 2.000 украински пациенти се префрлени на специјализирана нега во болниците низ Европа преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Пациентите биле префрлени на лекување во болници во 20 европски земји: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Слични содржини