Европската комисија “ги обедини” Косово и Албанија , објавија српските медиуми Б92, цитирајќи го косовскиот весник Коха Диторе.

Приштинскиот весник  пишува дека Европската комисија “ги обедини” Косово и Албанија во календарот на претстојните комисии на комесарите на ЕУ.

Според извештајот, Комисијата објави дека комесарот на ЕУ за дигитална економија, Марија Габриел, ќе ја посети Приштина, Албанија на 12-ти октомври.

Пораката додава дека приштинските официјални претставници ќе се состанат со Габриел, додека за Приштина се вели дека е во Албанија.