235
Поради зголемените климатски промени, Европа се соочува со една од најтешките години кога станува збор за природни катастрофи како суши и шумски пожари, соопшти денеска Европската комисија (ЕК).
Еврокомесарот Марош Шефчовиќ денеска ги информираше пратениците на ЕУ дека „актуелната суша во Европа може да стане најлошата во историјата“ и додаде дека пожарите што опустошуваат огромни делови од руралните области само ја влошуваат климатската криза, јавува АП.
„Статистиката покажува дека од 2017 година имаме се поинтензивни шумски пожари во Европа и очекуваме дека овој тренд за жал ќе продолжи и оваа година“, истакнува тој.