Европската унија обезбеди уште 54.000 вакцини против мајмунските сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, кои ги разви биотехнолошката мултинационална компанија „Баваријан нордик“, објави денеска „Ројтерс“.

Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од „Баваријан нордик“.

„Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ“, рече еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, истакнувајќи дека сега има 7.000 случаи во ЕУ, што е зголемување за околу 50 отсто од минатата недела.

Слични содржини