„Фајзер“: Пандемијата нема да ја победиме до 2024 година

од Vladimir Zorba

Пандемијата на коронавирус нема да биде зад нас до 2024 година, предвидува „Фајзер“.

„Ковид потоа би можел да стане ендемска болест, што значи дека наместо глобална вонредна состојба, ќе стане постојано присуство што предизвикува регионални епидемии на инфекција слична на грип низ целиот свет“, рекоа претставниците на „Фајзер“.

Компанијата изјави и дека очекува следната година да има профит од 31 милијарда долари поради производство на вакцини.

Вакцините прилагодени на посебни варијанти, доколку е потребно, би можеле дополнително да ја зголемат продажбата во 2022 година.

Слични содржини