Фајзер: Третата доза од вакцината има 95,6 проценти ефикасност

од Nikola Popovski

Фајзер и неговиот германски партнер Бионтек денеска објавија дека податоците од испитувањето покажале висока ефикасност на третата доза од нивната вакцина против Ковид-19, вклучувајќи ја и варијантата делта.

Тие наведоа дека студијата направена на 10.000 испитаници на возраст од 16 или повеќе, покажала ефикасност од 95,6 проценти во борбата против коронавирусот, во периодот кога преовладува делта сојот.

Фајзер соопшти дека ефективноста на нејзината вакцина со две дози опаднала со текот на времето, повикувајќи се на студија која покажала 84 проценти ефикасност со максимални 96 проценти четири месеци по добивањето на втората доза.

Некои земји веќе започнаа планови за давање трета доза.

Компаниите известија дека просечното време помеѓу примањето на втората и третата доза или плацебо во студијата е околу 11 месеци, додавајќи дека имало само пет случаи на Ковид-19 во групата што примила трета доза, во споредба со 109 случаи во групата кои примиле плацебо.

„Овие резултати даваат дополнителен доказ за придобивките од третата доза бидејќи сакаме да ги заштитиме луѓето од оваа болест“, рече извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

Слични содржини