„Фајзер“ вакцината безбедна за деца од пет до 11 години

од Vladimir Zorba

Вакцината „Фајзер/Бајонтек“ против коронавирус е безбедна за употреба и води до одличен имунолошки одговор кај деца на возраст од пет до 11 години, според најновото истражување.

„Фајзер“ планира да ги достави резултатите од истражувањето до регулаторите во САД, по што ќе побара одобрување за вакцинација на деца под 12 -годишна возраст, пренесе Би -Би -Си.

Студијата опфати 2.000 деца, на кои им беа дадени две мали дози на вакцина „Фајзер“. Резултатите од истражувањето за ефектот на вакцината кај деца под петгодишна возраст, исто така, се очекуваат наскоро.

Употребата на вакцината претходно беше одобрена за деца над 12 -годишна возраст во некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство.

Слични содржини