Фајзер за три месеци заработи 26 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата „Фајзер“ соопшти дека во првиот квартал од оваа година, меѓу другото, продале вакцини и таблети против коронавирус, со што биле остварени приходи од 26 милијарди долари.

Вакцинацијата спаси голем број луѓе и многумина имаат поблаги симптоми на инфекцијата, но „Фајзер“ беше на удар на критики за цената на производот и за неоткажувањето од заштитата на патент, што ќе им овозможи на другите да произведуваат вакцини против коронавирус.

Приходите од 26 милијарди долари во првиот квартал се за 77 отсто повисоки од истиот период минатата година.

Со продажбата на вакцините, кои ги разви со германската компанија BioNTech, „Фајзер“ заработи 13,2 милијарди долари, а со продажба на апчиња Paxlovid 1,5 милијарди долари.

Значителен приход беше остварен и од продажбата на други производи потребни за време на пандемијата.

Се очекува „Фајзер“ оваа година да има рекордна продажба која би требало да изнесува меѓу 98 и 102 милијарди долари.

Фармацевтската компанија тврди дека на посиромашните земји им продаваат вакцини по поповолна цена, пренесува весникот „Гардијан“.

Слични содржини