Фактор Плус АДРИА: ТРЕТИОТ БЛОК трета сила- Коалиција за промени и правда со 7,3 %…

од desk3
100 прегледи

Српската ангенција за истражување на јавното мислење Фактор Плус-Адриа, излезе со анкета за претстојните парламентарни избори. Според оваа анкета кај веќе определените гласачи  се топи разликата на власта и опозицијата, и  ВМРО-ДПМНЕ-  би добиле сега 32,68%,  а СДСМ  е во постојан раст и би добиле, 27,5%, а ДУИ би добиле 7,4% од гласовите.

Изнандување на оваа анкета кај македонскиот блок партии е третиот блок – Коалиција за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз која би добила 7,3 % од гласовите.

 

barometar-1

Од испитаниците 63% изјавиле дека ќе гласаат на изборите, 13% рекле дека нема да гласаат, неодлучни се 14%, а одбиле да одговорат 10%.

barometar-2

Анкетата е спроведена телефонски на репрезентативен примерок од 1200 испитаници во периодот од 28.11.2016 год. до 02.12.2016 год. Анкетираните се по случаен избор од целата територија на РМ, со маргинална грешка од +/-3%

Слични содржини