Фамелос и Филипче, средба што ветува: Македонско-грчка коалиција за мир и развој на Балканот!

од Љубиша Владимиров
15 прегледи

Претседателите на грчката опозициска партија СИРИЗА, Сократис Фамелос, и на СДСМ, Венко Филипче, во Атина ја потврдија одличната соработка и разбирање меѓу двете партии. На средбата, што се одржа вчера, присуствуваше и Рања Свигу, секретарка на Централниот комитет на СИРИЗА.

Двете страни истакнаа дека главен приоритет е зачувувањето на мирот, стабилноста и безбедноста на Балканот, како и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Во таа насока, беше нагласена важноста од почитувањето на Договорот од Преспа и европската перспектива на Северна Македонија.

На средбата се разговараше и за предизвиците во пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската унија, како и за подобрување на транспортната инфраструктура, особено патната и железничката мрежа, која има големо значење за двата соседни држави.

Сократис Фамелос и Венко Филипче се договорија да ја продлабочат меѓусебната соработка преку конкретни заеднички проекти и билатерални средби во текот на годината, со цел да ги унапредат односите и да ги остварат заедничките цели.

Венко Филипче беше во Атина за да учествува на втората Меѓународна конференција организирана од Институтот „Алексис Ципрас“, а средбата со Фамелос се одржа во просториите на СИРИЗА.

Слични содржини