Фатен пијан мотоциклист со 3,15 промили алкохол

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на денешниот ден во 14.10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А.А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол.

Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран.

А.А. е исклучен од сообраќај и изречени му се соодветни санкции.

Слични содржини