Фатени млади лица кои краделе елетрични тротинети

од Nikola Popovski
238 прегледи

Вчера (03.07.2023 во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.

Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети.

Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици, додека осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини