Фати: Горд сум што го носам бројот на Меси

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Суперталентираниот Ансу Фати (18), по сериозна повреда, операција и долго закрепнување, конечно се врати на фудбалските терени.

Штом се врати, покажа зошто се смета за наследник на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Влезе против Леванте на десет минути пред крајот на натпреварот, а во самиот финиш успеа да постигне гол во победата на неговиот тим од 3:0.

Шпанските медиуми веќе го прогласија за нов крал на Барселона, а го носеше и епитетот и играч на натпреварот во Ла Лига.

Особено беше емотивна сцена каде што сите играчи на Барса го гушкаа по голот, и му честитаа за голот.

– Благодарност до лекарите и сите што поминаа низ ова со мене. Имаме неверојатни навивачи, ние сме Барса и треба да ги нападнеме сите трофеи. Особено сум горд што го носам бројот десет по заминувањето на Меси, изјави скромниот Фати по натпреварот.

Слични содржини