Наследникот на Меси: Барселона има нова „десетка“

од Vladimir Zorba

Барселона одлучи да го додели бројот десет што го носеше Лионел Меси на својот млад талент, 18-годишниот Ансу Фати, беше објавено во средата на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.

Фати, кој во моментов е во фаза на враќање на терените по операцијата на левото колено, на која беше подложен пред околу една година во ноември 2020 година, се појави во кратко видео објавено на социјалните мрежи на Барса. На видеото, Фати може да се види како го носи дресот со број 10 кој порано му припаѓаше на славниот Аргентинец, пренесе Хина.

Тоа е број што го носеа други легенди пред Меси, како што се Бразилците Роналдињо, Ривалдо или Ромарио.

Оваа вест ги смири шпекулациите дека Барселона ќе ја повлече „десетката“ во чест на најдобриот играч во својата историја.

Но, одлучено е шесткратниот освојувач на „Златната топка“ да го наследи младиот шпански репрезентативец Фати, кој, откако ја помина школата на Барса, Ла Масија, дебитираше во првиот тим во 2019 година, на само 16 години.

Покрај тоа, Барселона во средата објави дека бројот седум што го носеше Французинот Антоан Гризман ќе го носи Усман Дембеле.

Друго засилување чиј трансфер беше завршен пред затворањето на летниот преоден рок Лук Де Јонг, ќе носи број 17 на грбот.

Слични содржини