ФАЦ: Фалсификување на историјата би било доколку Скопје ги исполни сите барања на Софија

од Nikola Popovski

Скопје би морало да признае дека македонскиот јазик е всушност само бугарски дијалект и дека македонската нација се развила од бугарството, бара меѓу другото Софија. Но, кој верува дека само со промена на владата во Бугарија повторно ќе се врати разумот и дека бизарните академски дебати нема веќе да стојат на патот на ЕУ-политиката на Балканот, тој може да се излаже, пишува германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ)“, пренесува „ДВ“.

Во текстот со наслов „Софиското фалсификување на историјата“, стои дека премиерот „Заев бил обвинет за фалсификување на историјата, а доколку Скопје сакаше да ги исполни сите барања на Софија, тогаш навистина ќе излезеше така“.

-Заев пред извесно време „од избрзана послушност кон Софија“ објави дека неговата влада ќе наложи да се отстранат повеќе спомен-плочи на кои се потсетува на „бугарската фашистичка окупација“, што наиде на остра критика од страна на македонските историчари. Фалсификувањето на историјата досега не е критериум за приклучување во ЕУ. Но, се чини дека Бугарите сакаат да го направат да биде критериум, пишува ФАЦ.

Слични содржини