Фаучи: Можен скок на бројот на новозаразени, ако сте патувале останете во карантин

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

САД би можеле да доживеат „скок по скок“ на заболени со коронавирус, откако луѓето се враќаат дома по Денот на благодарноста, оцени денес водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи.

Фаучи рече дека „не е доцна за оние кои патуваа низ целата земја за време на празниците да го запрат ширењето на вирусот со носење маски и одржување социјална дистанца“, објави Би-Би-Си.

Денот на благодарноста е празник за време на кој има најмногу патувања во Соединетите држави секоја година, а многумина патувале и оваа година, иако Америка е прва по бројот на пациенти (13 милиони случаи) и смртни случаи (повеќе од 266.000).

Во неделата, бројот на пациенти надмина четири милиони во ноември, што е двојно повеќе од октомври, додава Би-Би-Си.

Фаучи ги замоли луѓето што патуваа да останат во карантин наредниот период „доколку е можно“.

Слични содржини