Федерер: Приказната продолжува

од Vladimir Zorba
166 прегледи

По неговиот историски успех на Австралискиот Опен, Роже Федерер рече дека “неговата приказна продолжува”. Недостижниот  ветеран ја  освои јубилејната си 20-та титула од слем откако во финалето во Мелбурн Маестрото го  победи Марин Чилиќ во пет сета 6-2, 6-7 (5-7), 6-3, 3-6, 6-1.


“Многу сум среќен, едноставно не можам да верувам во тоа. Да освојам , тоа е сонот,  а сказната за мене и мојот тим продолжува. Навистина е неверојатно   дека ова се случува по извонредната мината година, која ја имав “, изјави Федерер, кој стана третиот шесткратен шампион во историјата на Аустрелиенн Опен откако  беа Рој Емерсон (1961, 1963-1967) и Новак Ѓоковиќ (2008, 2011 -2013, 2015-2016).
36-годишниот тенисер демонстрира неверојатна форма во Мелбурн, и загуби само два сета во текот на целиот турнир и тоа токму во финалето против Чилиќ. “Сакам да им честитам на Марин, кој направи уште еден одличен турнир, а освен тоа веќе е број 3 во светот. Продолжи да работиш на ист начин и јас сум сигурен дека ќе постигнеш уште многу успеси “, порача  волшебникот Федерер .