Федерер спаси две меч топки и ја запиша својата победа бр.1200 во кариерата

од desk2
69 прегледи

Светскиот рекет број 3, Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на турнирот од сериите „Мастерс“ во Мадрид, откако го победи Гаел Монфис со 6:0, 4:6, 7:6 (3) за 2 часа игра. Тоа беше неговиот усех број 1.200 на светската турнеја.

Швајцарецот беше повеќе од убедлив во првиот дел, во кој направи три брејка и така по само 18 минути поведе во сетови. На почетокот на вториот сепак Федерер допушти пад во играта и Монфис го искористи тоа и направи брејк. Носителот на 20 Гренд слем титули врати брејк за 3:4, но при 4:5 допушти нов, со што го изгуби вториот сет.

Во третиот тој повторно изгуби ген на свој сервис. Како и во вториот сет, Федерер направи брејк во седмиот гем. Така, дојде до 6:5 во корист на Монфис, кој имаше две мечтопки при сервис на својот противник. Французинот, сепак, играше премногу внимателно при двата случаи и не успеа да ги искористи овие можности. Ова резултираше со решавачки тајбрејк, со две мини брејка кои се покажаа доволно за 37-годишниот ветеран да запише победа.

Во следната рунда, Роџер ќе се соочи со Доминик Тим (бр.5), кој претходно го совлада Фабио Фоњини со 6: 4, 7: 5.