Фејсбук ќе ги обележува лажните информации и спиновите

од desk3
76 прегледи

Фејсбук најави дека во блиска иднина ќе почне да ги маркира лажните вести, кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Вестите за кои има сомнеж или индиции дека се лажни, а имаат за цел ширење дезинформации, ќе бидат обележани со посебно знаменце, стои во објавата на компанијата.

Имено, ако под насловот забележите ознака „оспорена вест“, ќе можете преку еден клик да дознаете и зошто веста е оспорена. Фејсбук нема да врши проверка на вестите, туку за тоа ќе биде задолжена меѓународната новинска организација „Поинтер“.

– Ќе ги користиме известувањата на нашата заедница и заедно со другите показатели, ќе ги препраќаме до оваа организација. Ако се утврди дека информацијата е лажна, таа ќе биде означена како „оспорена“ и ќе биде придружена со линк до објаснувањето, се наведува во соопштението.

Тоа значи дека корисниците и натаму ќе ја имаат слободата и правото на Фејсбук да објавуваат непроверени информации, но тие сега ќе бидат обележани./MИА

Слични содржини