Фејсбук се извини на семејството на најозлогласениот мафијаш од Сицилија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

  Фејсбук се извини на семејството на најозлогласениот шеф на италијанската мафија Салваторе Рина, наречен Тото, поради отстранувањето на пораките со сочувство по неговата смрт минатата недела.

Фејсбук објави дека пораките со сочувство на профилот на зетото на Рина се отстранети по грешка, откако корисниците се пожалиле дека објавите ги кршат правилата на оваа социјална мрежа.

По повторната проценка, Фејсбук ги вратил пораките на профилот и се извинил.

Тото Рина, шеф на италијанската Коза ностра, почина во петокот во Парма во 87-та година. Неговите посмртни останки денеска стасаа на Сицилија.

Семејството организираше приватен погреб во градот Корлеоне, кој се смета за легло на мафијата, а кој се „прослави“ со ,  книга и филмовите „Кум”.