Поранешниот бразилски напаѓач и играч на Реал (Мадрид) Роналдо се враќа во клубот, соопштува “Marca”. Феноменот ќе биде советник на претседателот Флорентино Перез, како и амбасадор на “кралевите” во светот.

Самиот Роналдо изразилжелба да се врати во клубот, а во последните две години разговарал со клубскиот бос како точно да се случи тоа.
Легендарниот фудбалер го носеше дресот на Реал (Мадрид) во периодот 2002 – 2007 година, аодигра 127 натпревари, во кои постигна 83 гола. Во својата професионална кариера Роналдо играл уште за Барселона, Интер, Милан, ПСВ, Коринтијанс и Крузејро.