Фетаи: Барам Аљими и Гури да добијат забрана да го напуштат градот во кој живеат

од Ивана Рамаданова
454 прегледи

На осудените Ејуп Аљими и Исмет Гури во случајот „Титаник“ да им се изречат мерки на претпазливост, побара обвинителката Фатиме Фетаи по денешната објава на пресудата.

„Околноста дека истите се осудени на ефективни казни затвор ја зголемува опасноста од бегство, па затоа предлагам да бидат изречени мерки на претпазливост, односно мерка забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа, рече обвинителката Фетаи.

Фетаи потенцираше дека размислувала и за предлагање и на други мерки, како редовно јавување во судот, но како што појасни, во овој момент, не било во ред, за да не се доведе во ризик здравјето на граѓаните.

Адвокатите пак се спротивставија на ваквото барање, порачувајќи дека не се потребни вакви мерки.

Обвинетите Аљими и Гури денеска добија по три години и шест месеци казна затвор за изборни нерегуралности во Чаир за време на локалните избори одржани во 2013 година.

Слични содржини