Фиби и Лејди Гага заедно извеле култна песна од „Пријатели“

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-sвездата Лејди Гага е една од гостите во новата, специјална епизода од серијата „Пријатели“. Заедно со Фиби, еден од највпечатливите ликови во култниот ситком, таа го отпеа нејзиниот славен хит „Smelly cat“.

Специјална епизода – со специјални гости, вклучувајќи ги Лејди Гага, Џастин Бибер, Дејвид Бекам, е достапна од денес, поточно од 27 мај на стриминг сервисот HBO GO.

Лејди Гага се појавува во еден момент од епизодата, а потоа заедно со Фиби, придружувана од гитара, го пее нејзиниот голем хит кој стана препознатлив во текот на првите десет сезони на овој ситком.

„Не знам дали ова е вистинскиот начин да го кажам тоа, но ти благодарам што беше поразлична за сите нас во Пријатели“, рече Гага на крајот.

„Ти благодарам тебе што продолжи да бидеш различна за сите нас“, одговори актерката.

Слични содржини