ФИФА донесе одлука која може да го уништи рускиот спорт

од Nikola Popovski

Спортот во Русија е на удар на речиси цел свет како форма на репресија по одлуката на Кремљ да ја нападне Украина, а последниот брутален удар за оваа земја го упати од Нион, поточно од седиштето на ФИФА.

На состанокот одржан по повод ескалацијата на руската инвазија во Украина, како и хуманитарната криза што следеше, Советот на ФИФА донесе неколку одлуки поврзани со промените во Правилата за статус и трансферите на играчи со цел „да се постигне правен акт и јасност по неколку основи“.

Во Анекс 7, насловен „Привремени правила во врска со ситуацијата настаната од војната во Украина“, беа донесени неколку одлуки кои би можеле суштински да го потресат рускиот фудбал, но и спортот воопшто.

Првата точка се однесува на Украина:

„Во врска со ситуацијата во Украина, а со цел да им се овозможи на тренерите и фудбалерите да работат и да заработуваат плата, но и да ги заштитат украинските клубови, доколку не се постигне заеднички експлицитен договор од различна природа, сите договори на странски играчи и тренери во Украина се суспендирани до крајот на сезоната во оваа земја (30.06.2022 година), без потреба од која било страна да направи нешто“.

Втората е посветен на Русија и е многу поостра:

„Со цел да се поттикне заминувањето на странски тренери и играчи од Русија, а под услов клубовите под Руската фудбалска федерација да не постигнат заеднички договор пред или на 10 март или да не постигнат друг договор во писмена форма, странските тренери и играчи ќе имаат право привремено да ги суспендираат договорите што ги имаат во Русија до крајот на сезоната (30.06.2022 година).

Тоа значи дека играчите и тренерите ќе се сметаат за слободни и без договор до 30 јуни и ќе имаат слобода да потпишат за кој било друг тим“, се вели во соопштението на ФИФА.

Исто така, ФИФА постави неколку ограничувања – трансфери во други тимови ќе бидат можни до 7 април на полноќ, додека на тимовите ќе им биде дозволено да пријават најмногу двајца играчи кои добиле „одврзани раце“ поради војната.

Ова може да значи и масовно иселување од Русија, доколку и другите спортски федерации го следат истиот пат по ФИФА. Претходно по овој пат тргна и Евролигата, бидејќи руските тимови им дозволија на своите играчи да си заминат, пред да биде донесена одлуката за суспензија на Русите.

Слични содржини