ФИФА ја суспендира Русија, нема да игра бараж за СП

од Nikola Popovski

ФИФА ќе ја суспендира Русија од сите натпреварувања до понатамошно известување.

Прво, ФИФА ѝ забрани на Русија да игра натпревари во нејзината земја, да не може да го користи името Русија, ниту да биде претставена со националната химна и знаме.

Меѓутоа, откако многу фудбалски федерации како Чешка, Полска, Шведска, Албанија и Англија најавија дека нема да играат против Русија додека не заврши војната со Украина, ФИФА одлучи целосно да ги суспендира Русите на неодредено време.

Русија во јуни треба да игра во Лигата на нации, како и во баражот за Светското првенство во Катар, што нема да биде возможно доколку ситуацијата не се промени.

Слични содржини