Корнавирусот го комплицира здравјето и на млади луѓе кои немале хронични заболувања. Докторите прават се за пациентите, но дел од нив и покрај терапијата не успеваат да се спасат, вели министерот за здравство Венко Филипче
„За жал, имаме многу пациенти кои се во тешка состојба За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе. И кај млади луѓе за само неколку часа прогресира болеста. И покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех, рече Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.