192
На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека граѓаните не треба да прават залихи од Дексаметазонот, бидејќи овој лек се дава во комбинација со други лекарства.
-Засега лекот нема да биде повлечен од слободна продажба. Не треба да се прават залихи и резерви од Дексаметазонот тој се дава во комбинација со други лекови, тој е лек кој им несакани дејства, а една од нив е намалување на имунитетот, не треба да се користи на своја рака овој е сериозен лек со многу несакани дејства, истакна Филипче.