Филипче: Ќе има јавна дебата за анализите за трите локации за изградба на новиот Клинички центар

од desk2
78 прегледи

Следниот понеделник ќе има јавна дебата во Собранието на Република Македонија за сите анализи кои ги направивме за трите локации за изградба на новиот Клинички центар, во Злокуќани, во општина Гази Баба и во општина Ѓорче Петров, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека тоа сакаат да го направат јавно и транспарентно, да укажат на сите предности и недостатоци на секоја од тие локации и да видат која е најпогодна, најбрза и најевтина за да почне изградбата на новиот Клинички центар.

Додаде дека верува оти со динамиката со која работат ќе може идната година да биде поставен камен-темелник на новиот Клинички центар. рп/вј/