168
На прашањето кога ќе се вакцинира министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тоа ќе го направи кога ќе стигнат поголеми количини на вакцини.
-Не би сакал да го земам местото на некој кој има поголема ризик, како што се докторите кои работат со ковид пациенти. Нема никаква преференца сите вакцини се безбедни и проверени кога ќе дојде редот ќе се вакцинирам со вакцината која ќе ја имаме во моментот.