Филипче: Меѓу граѓаните се шири мејл со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на МЗ

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Твитер профил сподели информација дека меѓу граѓаните се  шири е-маил со невисината содржина.

-Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај, напиша Филипче.

Воедно и министерството за здравство информираше дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected].

„Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, велат од министерството.

Дел од граѓаните споделија на социјалните мрежи дека кај нив има пристигнато ваков е-маил.

Се споделува e-mail од лажна адреса и со лажна содржина.Ова е монструозно и нечовечки😡Продолжуваат после лажната одлука за отворање на образовните институции

Публикувахте от Bobi Ilievski в Понеделник, 11 май 2020 г.

 

Слични содржини