Филипче: Меѓу првите во светот сме по намалувањето на бројот на смртност кај новороденчиња

На својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека оваа година нашата земја е меѓу првите во светот со најголемо намалување на смртноста кај новороденчињата.

Министерот посочи дека овој успех е исклучиво заслужен поради сериозниот план и организацијата, инвестициите во опремата, вложувања во едукацијата на персоналот и нивното доусовршување.

„Воведовме европски протоколи и направивме добар систем на комуникација со одделението за интензивна нега на Детската клиника. Со ваков системски пристап, успеавме за речиси 50 проценти ја намаливме неонатална, перинатална и доенечката смртност. Горд сум на целиот стручен тим од Клиниката за гинекологија и акушерство. На Светскиот ден на предвреме родените деца одржавме дигитална тркалезна маса „Заедно за бебињата родени предвреме-се грижиме за иднината”, во организација на ГАК и граѓанската организација „Лулка”“, посочи Филипче.

Слични содржини