Филипче: Можни се дополнителни олабавувања на мерките од следна недела

од Andreja Salpe

Вчера министерот за здравство Венко Фолипче најави дека можни се дополнителни попуштања на рестрикциите следната недела, ако продолжи стивнувањето на пандемијата.

Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа.

– Има препорака за 14 -невен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични карактеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи вчера Филипче.

Тој, меѓудругото, информира дека дел од болничките одделенија во враќаат во нормална работа, како што е одделението за урологија, за пластична хирургија, како и Клиниката за кардиологија.

Во однос на вакцинацијата, министерот смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк” за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Во текот на завчерашниот ден, како што кажа Филипче, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање.

Слични содржини