Филипче: Над 14 илјади граѓани се вакцинирани во текот на вчерашниот ден

од Берта Китинска

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, пишува на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, а ревакцинирани се 23.862 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 303.574 граѓани.Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, пишува Филипче.

Слични содржини