Ние ќе бидеме една од ретките земји која ќе обезбеди значајна количина вакцини за сериозен процент од населението, изјави денска министерото за здравство Венко Филипче.
-Една Австрија добила само 23.000 вакцини, така да во таа смисла согласно нашите најави кои беа за март, ние поместивме за февруари. Со оваа количина мислам дека за таков старт е сосема доволна и за сите здравствени работници и најризичните граѓани, рече Филипче.
На прашањето зошто досега немаме побарано од руската вакцина, Филипче рече дека нашата земја е отворена и за таа опција .
-Во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, прво за да видиме како ќе тече процесот на вакцинацијата.изјави Филипче.
На прес-конференцијата беше објаснето дека оние граѓани кои нема да сакаат да примат одредена вакцина во закажаниот термин , ќе може да се откажат од вакцинирањето и да закажат повторно вакцинирање.