Филипче предлага: Парична награда за матичните лекари ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

од Берта Китинска
373 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните.

„Свесен сум дека ова беа едни од најтешките предложени мерки бидејќи допираа во работните односи и затоа сега ќе разгледуваме слични мерки кои нема да загрозуваат нечие работно место, а ќе бидат стимулација за вакцинација и затоа интензивно истражувавме во изминативе 2-3 дена“, рече Филипче.

Тој вели дека ќе биде предложена нова мерка, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари.

„Предлогот е матичните лекари да бидат финансики стимулирани, односно кога ќе надминат 70 посто вакцинација на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент, од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Тоа е предлогот со кој ќе излеземе пред Владата во вторник“, рече Филипче.

Слични содржини