Филипче: Се дозволува одржување на настани на отворено со максимум до 1000 посетители

од Nikola Popovski
211 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче ги објави на својот Фејсбук профил новите олеснувања на рестриктивните мерки што ги објави денес Владата.

Тој наведе дека се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

-Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија; се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите; дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега; донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби“, објави министерот.

Владата на денештата седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, со оглед на тоа што епидемиската крива е во голем пад и се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19.

Слични содржини